26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески рецепт за продажба на воздух

Кинески рецепт за продажба на воздух

fogwall

Познат мултимилионер одлучил да ја искористи еколошката катастрофа која доаѓа во Кина и да заработи од продажба на свеж воздух во конзерва.

Гуангбјао Чен, кој го направил своето богатство во индустријата за рециклирање, има продадено повеќе од десет милиони конзерви на свеж воздух за помалку од десет дена, во кинеската индустриската провинција на Ксинџијанг.

“Кога ќе излезам надвор и ќе прошетам дваесет минути, веднаш грлото ме боли и чувствувам вртоглавица. Сакам само да испратам порака до нашите лидери дека не треба безглаво да трчаат по профит, на сметка на здравјето на нашите деца и природата”, изјави Чен.

Богатство на Чен се проценува на 740 милиони долари и се смета за многу познат човек во Кина, со повеќе од 4 милиони луѓе кои го следат на “Sina Weibo”, кинеската верзија на Твитер. Конзерви се бесплатни во среда, а нивната редовна цена е педесет пени, од кои дел оди за помош на посиромашните делови на земјата.

Загадувањето се мери со мерната единица PM2.5, или бројот на честички 2,5 микрометри во дијаметар, што ќе се апсорбира во белите дробови и може да предизвика болест на срцето и на белите дробови.

Светската здравствена организација препорачува дека дневно ниво на PM2.5 треба да биде околу 20, и непоменува дека, доколку бројката надминува 300 претставува сериозна закана за здравјето на луѓето.

Квалитетот на воздухот во Кина редовно се контролира, бидејќи се менува драстично од ден на ден, но во минатата недела ги преминал границите на нормалата. Квалитетот на воздухот во Пекинг често надминува 500, а на 12 јануари достигнал 755, што е највисока снимена бројка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП