29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолона камиони на Табановце поради застој на српска страна

Колона камиони на Табановце поради застој на српска страна

kamioni-granica

Поради проблеми на српската страна од граничниот премин Табановце, има долга колона од тешки товарни возила и нивното поминување на границата се одвива многу бавно.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека нема застој во сообраќајот за патничките возила.

Сообраќајот на сите државни патишта во државата се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

Поради појава на магла е забележана намалена видливост во Кичево до 60 метри и во Градско до 30 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците, кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почестапојава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП