28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестиции за чиста енергија и индустриски менаџмент

Инвестиции за чиста енергија и индустриски менаџмент

clean-energy

Проекти за инвестиции во чиста енергија и за индустриски менаџмент почнува да реализира од денеска канцеларијата на УСАИД во Македонија.

На промоцијата на проектите е најавено присуство на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и амбасадорот на САД во Скопје, Пол Волерс.

Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија обезбедува техничка помош.

Ќе се спроведат повеќе активности за поедноставување на процесот за развој на проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Целта е подобрување на деловното опкружување во областа на обновливите извори на енергија и воспоставување процеси и процедури за нискоемисиони развојни стратегии.

Активностите ќе се фокусираат на поддршка на македонската Влада за унапредување на правната рамка за планирање, иницирање и спроведување процеси и процедури за намалување на емисијата на стакленички гасови со цел да се унапреди економскиот развој, да се подобри управувањето со животната средина и да се постигнат развојните цели.

Целта на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент е зголемување на конкурентноста на индустријата преку намалување на трошоците за енергија, кои што се дел од трошоците на производството.

Крајната цел е намалување на емисиите на стакленички гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП