8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетроит може да го реконструира долгот

Детроит може да го реконструира долгот

detroitttde1

Американскиот град Детроит денес доби „зелено светло“ да продолжи со процесот за прогласување банкрот.

Федералниот судија одлучи дека на Детроит треба да му биде доделена заштита од неговите кредитори, со што ќе стане најголемиот град во американската историја кој банкротирал.

Соочен со повеќе од 18 милијарди долари долг, овој поранешен центар на американската автоиндустрија сега има недостаток на пари дури и за уличното осветлување.

По долгите сослушувања и повеќенеделното размислување, судијата Стивен Родс соопшти дека Детроит може да го реконструира долгот, со што до март треба да достави план за реорганизација и отплата на долгот.

„Градот повеќе нема средства за на своите граѓани да им обезбеди основни услуги“, изјави Родс.

Илјадници градски пензионери стравуваат дека би можеле да потонат во сиромаштија, доколку на Детроит му се овозможи да ги намали социјалните бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП