ПочетнаЕКОНОМИЈАСе крчка новата цена на горивата!

Се крчка новата цена на горивата!

Во Регулаторната комисија за енергетика на редовна седница се подготвува новата цена на горивата која треба да важи од полнок.

По драстичниот раст на цените минатата недела граѓаните се во очекување на новата цена по која ќе се точи дизел гориво и бензини во следните седум дена.

Глобалните случувања на Блискиот исток си го земаа данокот и кај нас. Последната корекција на цената на горивата изнесуваше 14, 5 денари поскап дизел и 5 денари поскапи бензини за наточен еден литар.

Информациите до кои дојде Денар велат дека по 13 часот Регулаторната комисија за енергетика ќе ја објави новата цена на горивата. Засега не се знае конкретно дали горивата ќе поевтинат или ќе има ново поскапување. Глобалните состојби на Блискиот исток направија вистински турбуленции на меѓународните берзи на нафта.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)

Во петокот компанијата ОКТА излезе со своја одлука со која, до крајот на март, за два денари по литар реши да ги намали цените на дизелот и бензините за трговците што набавуваат горива од таа компанија. И на тој начин да овозможи трговците на големо и на мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите.

Од ресорното министерство испратија апел до граѓаните да не бидат загрижени во однос на снабдувањето. Горива има доволно но има и од каде да се набави во случај на продлабочување на кризата.

“Во услови кога целиот регион и свет се соочува со ценовен притисок, снабдувањето со горива во Македонија е стабилно. Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат, подготвени сме да ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање, со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните“, изјави министерката Сања Божиновска.

Цената на барел Брент денес се искачи на речиси 105 долари, што значи пораст од над 40 проценти од почетокот на војната. Американската референтна нафта, пак, забележа скок од околу 50 проценти и се тргува по 99,68 долари за барел. Од друга страна, Вол Стрит затвори со длабоки загуби, бидејќи цената на нафтата повторно го надмина симболичниот праг од 100 долари за барел, создавајќи дополнителен инфлаторен притисок врз глобалната економија.

Затворањето на Ормускиот теснец го засили притисокот на пазарот: дневниот транспорт на милиони барели нафта беше блокиран, а во текот на една недела беа изземени над 12 милиони барели нафтен еквивалент дневно.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП