
Македонската компанија Фероинвест на 4 декември одбележува 10 години постоење. Историјата на компанијата започнува со купувањето на Брако, а денеска во рамките на групацијата функционираат неколку компании кои се занимаваат со разни дејности: металопреработувачката индустрија, обновливи извори на енергија како и трговија со електрична енергија. Фероинвест покрај Брако, во својот состав има 19 мали хидроелектрани, Аквават – компанија што се занимава со дизајнерски пристап и проектирање на малите хидроелектрани, компании за одржување на хидроелектраните, за продажба на струја.

