28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Бразил се намали за 0,5 проценти

Економијата на Бразил се намали за 0,5 проценти

brazil1155

Економијата на Бразил во третиот квартал се намали за 0,5 проценти во споредба со претходниот квартал, покажуваат денес објавените податоци на Бразилскиот институт за географија и статистика.

Во споредба со истиот период минатата година, седмата најголема економија пораснала за 2,2 проценти, се додава во соопштението на Институтот, пренесува агенцијата Франс прес.

Бразилскиот министер за финансии Гвидо Мантега вчера прогнозираше раст на бруто домашниот производ (БДП) на Бразил во третиот квартал од 2,5 проценти на годишно ниво.

Во споредба со претходниот квартал, земјоделскиот сектор забележа забавување од 3,5 проценти, додека секторот за индустриja и услуги порасна за 0,1 проценти.

Во споредба со истиот период минатата година, индустријата пораснала за 1,9 проценти, секторот за услуги за 2,2 проценти, но земјоделскиот сектор забави за еден процент.

Економијата на Бразил во вториот квартал, на квартално ниво, се зголеми за 1,8 проценти додека во целата измината година оствари раст од само 0,9 проценти по растот од 2,7 проценти во 2011 година и 7,5 поценти во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП