3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали вашите производи имаат препознатлива вредност?

Дали вашите производи имаат препознатлива вредност?

value1

Кога некој нешто купува, тој за себе купува вредност. Вредноста е многу поширок поим од самиот производ или услуга која ја купуваме. Производот самиот ја претставува сржта на вредноста, а остатокот е многу, многу поширок.

Вредноста на некој производ пред се состои од самиот производ, неговиот изглед, пакување, цена…..сето тоа е надополнето со дополнителните услуги како што се: совети, испорака, гаранција…. Ова е заокружено со сликата на самата компанијата која го произведува одредениот производ како што се: репутација и реноме на претпријатието, бренд, систем на вредности, систем на квалитет, препораки од други корисници. Сето ова заедно ја создава вредноста на производот. Поради оваа вредност купувачите купуваат одредени производи.

Во денешно време, време на масовно производство, конкурентските производи се сами по себе исти – идентични. Ако ги анализираме тие производи, без својата етикета, без своето пакување, можеме да забележиме дека тие производи се апсолутно исти, или ако воопшто постои некоја разлика таа разлика е минимална.

Кога некој продава само производ, без вредностите што го прати тој производ, купувачот ќе купува само поевтини производи. Но ако планираме бизнисот да го развиваме на долг рок, не можеме да го базираме на самиот производ. На самиот почеток за некој дејности тоа е неопходно, но сепак е прашање на време кога ќе се појави нов конкурент. Понатамошен развој на производот, мора да се базира на дополнување на „круговите“ на вредност околу самиот производ.

„Оголениот„ производ, треба да се спакува и дизајнира на препознатлив начин. На ваков начин ќе направите само мала разлика  и на купувачите ќе им се понуди само за нијанса подобрена вредност. Сето ова треба да се надополни со дополнителни услуги, што ќе ги добие купувачот за своите пари.

Овие дополнителни услуги треба да му се понудат пред и по купувањето. Треба да му се понуди гаранција и дополнително одржување. Со овие, дополнителни вредности ние ќе се дистанцираме од нашата конкуренција. Она што ја заокружува одредена вредност е имиџ што го прати некој производ – она што е препознатливо и ве дистанцира/издвојува од другите – она што се јавува во свеста на купувачите кога ќе го прочитаат натписот на етикетата. Е тоа е она што ја заокружува комплетната вредност на производот и за кој купувачите ќе дадат повеќе пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП