ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата забележа неделен пораст и покрај американската дозвола за купување...

Цената на нафтата забележа неделен пораст и покрај американската дозвола за купување руска нафта

Цените на нафтата беа на пат кон силен неделен пораст во петокот, и покрај потезите на Вашингтон за ублажување на загриженоста за снабдувањето со издавање 30-дневна дозвола за купување руска сурова нафта на море.

Фјучерсите на Брент за мај се искачија на 100,56 долари за барел, што е зголемување од околу девет проценти за неделата, додека американската сурова нафта WTI за април падна на 95,57 долари, но сепак беше на пат да забележи пораст од седум проценти за неделата, објави Ројтерс.

Аналитичарите предупредуваат дека американската лиценца и рекордното ослободување на стратешки резерви на нафта не го решаваат основниот проблем, односно прекините во снабдувањето предизвикани од конфликтот во Ормутскиот теснец.

-Пазарот го гледа ова како краткорочно решение кое не се справува со суштината на прекинот во снабдувањето – рече Емрил Џамил од LSEG.

Haitong Futures додава дека „најважно е продолжувањето на пловидбата низ Ормутскиот теснец“.

Соединетите Американски Држави објавија ослободување на 172 милиони барели од своите стратешки резерви, координирано со Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која се согласи да ослободи рекордни 400 милиони барели.

Но, краткотрајното олеснување брзо беше поништено со повторното појавување на ризиците на Блискиот Исток.

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека Иран ќе продолжи да се бори и да го држи Ормускиот теснец затворен како средство за притисок против САД и Израел. Два танкери за гориво во ирачките води беа погодени од експлозивни чамци, а ирачките власти потврдија дека нафтените пристаништа се целосно затворени.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека американската морнарица, можеби како дел од меѓународна коалиција, ќе ги придружува бродовите низ Ормускиот теснец кога тоа ќе биде воено можно.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП