8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГласањето за Сајт на годината до 5 декември

Гласањето за Сајт на годината до 5 декември

popopop

Домашната интернет-публика номинира над 500 македонски веб-адреси кои се натпреваруваат во изборот „Сајт на годината 2013“.

Гласањето ќе трае на до 5 декември на полноќ на веб странатаwww.sajtnagodinata.mk,.

Победниците ќе бидат прогласени на 10. овој месец на манифестација што ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

Доделување на наградите ќе биде пренесувано во живо на официјалниот вебсајт на манифестацијата Изборот се организира четврти пат а со цел популаризирање на македонскиот веб простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови.

При изборот жири комисијата ги зема предвид техничката изработка, дизајнот, функционалноста, содржината, интерактивноста и иновативноста, односно креативноста.

За „Сајт на годината 2013“ ќе биде прогласена најдобрата веб-страница во Македонија, а дел од изборот се и останатите категории: најдобар сајт според публика, дизајн, забавен, информативен, спортски, бизнис односно корпоративен, најиновативен, со најбрз раст, за е-трговија, мобилен, за владини т.е. државни институции и најдобар блог. Вклучувајќи ја и носечката, тоа се 13 засебни категории.

И годинава освен оние на жирито во вкупните гласови ќе влезе и одлуката на интернет-корисниците.

Финалниот сооднос на гласовите е 60 отсто на комисијата и 40 проценти од веб-корисниците.

Публиката може да распредели по три гласа во секоја категорија и тоа од по 10, шест и два поена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП