4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: Италија бавно го намалува долгот

Рен: Италија бавно го намалува долгот

italy3

Италија не успева доволно брзо да го намали јавниот долг, но таа сепак е надвор од најлошиот период на кризата, изјави европскиот комесар за економски прашања Оли Рен.

„Италија би требало да го почитува одреденото темпо за намалување на долгот, но таа тоа не го прави. Стуктурното прилагодување треба да биде еднакво на половина од процентниот поен од бруто домашниот производ (БДП), а тој изнесува само 0,1 проценти, поради што Италија нема доволно простор за маневрирање“, изјави Рен, пренесува агенцијата Франс прес.

Комесарот наведе дека „ноќниот кошмар“ од 2011 година кога Италија беше во центарот на невремето во финансиските пазари, сега е готов, додавајќи, сепак, дека се сомнева дека приватизацијата и контролата на потрошувачката ќе успеат да го намалат јавниот долг доволно брзо.

Италија се бори да ја зголеми конкурентноста, а нејзиниот јавен долг во моментов изнесува околу 134 проценти од БДП, што е вториот по големина долг во ЕУ, веднаш зад грчкиот. Прописниот лимит за јавниот долг за земјите од ЕУ изнесува 60 проценти.

Рим минатиот месец најави продажба на уделот во осум компании, во рамките на приватизацијата која во државната каса би требало да донесе до 12 милијарди евра.

Рен изјави дека Италија има огромен потенцијал за раст, но дека е неопходно да го реформира економскиот и правниот систем. Третата по големина економија во еврозоната потона во третиот квартал за 0,1 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП