ПочетнаЕКОНОМИЈАСиновите на Трамп влегуваат во бизнисот со дронови и ќе ги продаваат...

Синовите на Трамп влегуваат во бизнисот со дронови и ќе ги продаваат на Пентагон

Американската компанија за дронови „Powerus“ ќе се спои со холдинг компанијата за голф терени „Aureus Greenway“, објавува „The Wall Street Journal“. Интересното во врска со оваа трансакција е што акционерите поврзани со американскиот претседател Доналд Трамп стојат зад компанијата за голф терени.

Тоа се еден од инвестициските фондови на семејството – „American Venture“, и компанијата што произведува компоненти за дронови во сопственост на Доналд Трамп помладиот – „Unusual Machine“. Меѓу акционерите е и инвестициската банка „Dominari Securities“, која беше вклучена во трансакциите со криптовалути на семејството на американскиот претседател.

„Powerus“ забележува дека трансакцијата ќе овозможи пристап до финансирање со кое ќе се инвестира во нови компании што произведуваат дронови. Дел од нивните планови е да ги откупат украинските производители од кои ќе добијат лиценци за производство или да го преместат своето производство во САД, и на тој начин да произведуваат беспилотни летала – авиони или морски, кои ќе ги продаваат на Пентагон.

„WSJ“ забележува дека поради ограничувањата наметнати од администрацијата на Белата куќа, одделот не може директно да купува дронови произведени во странство, а во исто време има планови да ги прошири своите можности со ново оружје. Пентагон има програма од 1,1 милијарда долари што предвидува купување на иновативни системи произведени во Соединетите Држави до 2027-ма година. Целта е да се поттикне локалното производство во сектор каде што Кина доминира на домашниот американски пазар.

Во изминатите шест месеци, „Powerus“ купи три производители на дронови и сега произведува околу 10.000 дронови месечно – количини што го надминуваат производството на речиси секој друг производител во Соединетите Држави.

Одделно, помладиот син на Доналд Трамп, Ерик, инвестираше во израелскиот производител на дронови „Xtrend“ како дел од договор вреден вкупно 1,5 милијарди долари со „JFB Construction“.

„Powerus“ е предводен од Ендру Фокс, долгогодишен инвеститор во недвижности во Њујорк кој нема искуство со дронови, додава „WSJ“. Сепак, еден од основачите на компанијата е Брет Величович, кој е ветеран од американската армија и консултант на компании за производство на дронови во Украина и САД.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП