ПочетнаКАРИЕРАЧетири трикови како да си обезбедите повисока плата

Четири трикови како да си обезбедите повисока плата

Во канцелариите често се забележува една чудна појава. Највредниот работник не е секогаш и најценетиот. А уште поретко е оној што прв добива покачување на платата.

Некаде во аголот на канцеларијата има човек што мирно ја завршува работата, не прави галама и ретко зборува за тоа што направил. До него, пак, некој друг постојано зборува. Колку задачи има. Колку е уморен. Колку работи. И токму тој често излегува како „клучен човек“.

Работното место одамна не е само простор каде што се вреднува резултатот. Сè почесто се вреднува и впечатокот.

Истражувања за однесувањето во работните средини покажуваат дека луѓето кои умеат гласно да зборуваат за својата работа, дури и да се пожалат дека се преоптоварени, оставаат посилен впечаток кај надредените. Не мора секогаш да работат повеќе. Но изгледаат како да работат повеќе.

„Во многу компании важна е видливоста“, објаснуваат аналитичари кои ги следат односите во корпоративниот свет. „Ако никој не знае што правите, тогаш во очите на менаџментот речиси и да не постоите“.

Со други зборови, тишината ретко носи бонус.

Интересно е што истражувањата покажуваат и уште еден детал. Луѓето со изразени нарцисоидни црти полесно напредуваат во кариерата. Тие без двоумење зборуваат за своите успеси, често во суперлативи. Не се срамат да кажат дека токму тие се најважни за тимот. Понекогаш дури и кога тоа не е сосема точно.

Психолози кои го анализираат овој феномен велат дека ваквото однесување создава силна перцепција кај колегите и претпоставените. Ако некој доволно долго и доволно убедливо зборува за својата вредност, луѓето почнуваат да веруваат во тоа.

Така настанува нешто што дел од стручњаците го нарекуваат „мит за себе“.

Првиот чекор е едноставен. Да се погрижите надредените да знаат што сте направиле. Не тивко. Јасно и гласно.

Вториот чекор е да се создаде впечаток дека сте постојано зафатени и неопходни за работата. Колегите треба да имаат чувство дека без вас работите би се распаднале.

Третиот чекор… понекогаш дури и не е поврзан со самата работа. Наместо дополнителни часови пред компјутер, некои луѓе вложуваат повеќе време во градење на својот имиџ.

Не секогаш фер. Но функционира.

Постојат и подиректни методи за добивање покачување. Еден од нив е прилично прагматичен. Да имате резервна опција.

Истражувања покажуваат дека работниците кои имаат понуда од друга компанија или барем можност лесно да преминат на друго работно место, значително полесно добиваат повисока плата.

Причината е едноставна. Работодавачите често се подготвени да платат повеќе само за да задржат некој што не сакаат да го изгубат.

И така, играта на покачувања во многу фирми изгледа поинаку отколку што би очекувале. Не победува секогаш највредниот. Понекогаш победува најгласниот.

А понекогаш и највештиот во создавање впечаток.

Б.З.М.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП