3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новиот Saab 9-3 Aero (фото)

Пристигна новиот Saab 9-3 Aero (фото)

nov saab

Вчера и официјално започна новиот живот на „Saab“, а од производната лента излезе првиот обновен „Saab 9-3 Aero Sedan“. Првите нарачки се наменети за кинескиот пазар, а помал број на возила ќе им биде понуден на купувачите во Шведска.

Моделот чие производство започна во понеделникот, според зборовите на новиот сопственик – компанијата „NEVS“, има 2.0 литарски турбо-бензински мотор со 220 ks, кој на автомобилот му обезбедуваат високи перформанси по кои „Saab“ е препознатлив.

„Лансирањето на производниот процес по повеќе од две години, беше тешка и сложена мисија“, изјави на свечената промоција претседателот на „NEVS“, Матијас Бергман.

nov saab1

„Во состојба сме веќе денеска да им понудиме на купвачите модел со бензински мотор со докажани високи перформанси, додека верзијата со електричен погон ќе биде претставена во 2014-та година“, вели Бергман.

Купувачите на новиот „Saab“ ќе имаат специјален третман. На нив ќе им биде овозможено да го превземат својот автомобил директно од фабриката, при што ќе имаат можност да го разгледаат производниот погон и да се запознаат со процесот на производство, како и посета на музејот на автомобилската марка „Saab“.

Со цел да го осигураат редовното снабдување на пазарите со резервни делови, „NEVS“ на купувачите ќе им обезбеди услуга за набавка на резервните делови во соработка со компанијата „Orio AB“ (некогашниот „Saab Automobile Parts AB“).

nov saab2

Во „NEVS“ истакнуваат дека за помалку од една година ќе воспостават соработка со околу 400 снабдувачи и кооперанти со кои соработуваат во производството на моделот 9-3, додека во потворното стартување на производството вклучени се околу 2.400 компании од целиот свет.

Сепак, да се осигура високиот квалитет на произведените автомобили и редовната дистрибуција, производството во почетокот ќе биде многу скромно, само дваесетина возила неделно, но со тек на време ќе се зголемува во склад со побарувачката на пазарот.

Во „NEVS“ велат дека првите испораки се наменети за кинескиот пазар, а помал дел ќе бидат достапни за шведските купувачи, кои ќе можат да го нарачаат новиот „Saab“ преку интернет од 10-ти декември.

nov saab3

Почетната цена ќе изнесува 279.000 шведски круни (oколу 31.400 евра) за верзијата со мануелен менувач, додека автоматикот ќе чини од 289.000 круни (32.500 евра).

Другите технички детали за новиот „Saab 9-3 Aero“ ќе бидат дополнително соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП