ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботните места постојано исчезнуваат: Алармантен тренд се шири низ Америка

Работните места постојано исчезнуваат: Алармантен тренд се шири низ Америка

Американската економија неочекувано изгуби 92.000 работни места во февруари, а стапката на невработеност се зголеми од 4,3 проценти во јануари на 4,4 проценти, според податоците објавени денес од Бирото за статистика на трудот на САД (BLS).

Резултатот ги изненади економистите кои предвидоа просек од 60.000 нови работни места.

Аналитичарите на „Bloomberg“ велат дека пазарот на трудот во САД очигледно забавува, по многу посилниот раст во претходните години.

Во последните три месеци, приватниот сектор во САД додаде просечно околу 18.000 работни места месечно.

Споменатата бројка е поблиску до просекот од околу 25.000 за 2025-та година, но е значително пониска отколку во 2024-та година, кога месечниот просек беше околу 85.000 нови работни места.

Пад на вработеноста е забележан и во некои клучни сектори.

Производството изгуби 12.000 работни места во февруари, додека здравствениот сектор, кој беше главен извор на вработување во последните години, забележа пад од 28.000 вработени.

Федералната влада на САД продолжи да ја намалува својата работна сила, при што околу 10.000 работници ги загубија своите работни места во февруари.

Бројот на вработени во федералната администрација на САД се намали за околу 330.000 од својот врв во октомври 2024-та година, или околу 11 проценти.

Најновите податоци би можеле да го зголемат притисокот врз Федералните резерви на САД да разгледаат понатамошни намалувања на каматните стапки, додаде агенцијата од Њујорк.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП