5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei се повлекува од американскиот пазар

Huawei се повлекува од американскиот пазар

huawei pazar sad

Извршниот директор на кинеската компанија „Huawei“ најави дека компанијата ќе се повлече од американскиот пазар. „Huawei“ е против обвинувањата дека и служи на кинеската влада и им продава на клиентите телекомуникациска опрема која е подготвена за „сајбер шпионажа“, вели нејзиниот извршен директор Рен Женгфреј.

„Ако „Huawei“ се покаже на пола пат меѓу односите на Кина и САД и тоа доведе до проблеми, едноставно не вреди. Затоа решивме да го напуштиме американскиот пазар“, вели Женгфеј.

Веста е потврдена и од потпретседателот на „Huawei“, Вилијам Пламер. Компанијата планира да се насочи на инвестиции во Европа и Африка, додава тој.

Раководството на „Huawei“ засега не ги прецизира конкретните планови за напуштање на пазарот во САД. Јасно е само дека нема да се прифаќаат нови нарачки и клиенти, а постојните договори ќе бидат исполнети до крај. Компанијата се уште не одлучила дали ќе се повлече целосно од американскиот пазар, или ќе престане да продава само телекомуникациска опрема и уреди за државни институции.

Според консултантската компанија „Rhodium Group“, „Huawei“ ќе остане во САД само со продавање на мобилни уреди на крајните корисници и лабораториите за истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП