4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Во Србија се регистирани дури 45.625 фирми во кои има само по еден вработен или немаат ниту еден работник, објави весникот „Новости“. Од 92.157 фирми кои ја предале завршната сметка, дури 24.370 немаа ниту еден вработен, а во нешто помалку плата му се исплатува имаат само на едно лице. Праксата на српските бизнисмени да отвораат фирми без работници не е невообичаена, па дури ни противзаконска.

Подгорица – Турскиот „Тошчелик“ и германската групација ХГЛ се главните кандидати за купување на имотот на „Комбинатот за алуминиум – Подгорица“ (КАП). Како што јавија подгоричките медиуми, интерес за КАП покажала и индиската компанија „Ешар“, како и хрватски и руски инвеститори. На 8 јулу беше прогласен стечај на КАП, со што руската компанија „Ен плус“ го изгуби правото за управување со фабриката. По стечајот беа активирани сите гаранции за кредитите на КАП, кои паднаа на товар на буџетот на Црна Гора.

Загреб – Со популарната нова виртуелна валута биткоин од сега може да се плаќа и во Хрватска, пишува хрватскиот „Деловни дневник“. Фирмата за изнајмување на недвижност „Лунеа Апартмент“ од Дуборвник во своите огласи наведува дека освен плаќање преку Пејпал, прифаќа и плаќање со валутата биткоин.

Берлин – Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче телеком“ планира да врачи 4.000 до 6.000 откази во рамки на радикалната реформа на своите ИТ филијали „Т-системи“. Повикувајќи се на извори во компанијата, деловниот весник „Ханделсблат“ наведува дека директорот на „Т-системи“, Томотеус Хетгес ќе го презентира планот за откази пред надзорниот одбор на „Дојче телеком“ на 12 декември.

Париз – Продажбата на нови автомобили во Франција се намалила во ноември, пред се поради падот на побарувачка на странските модели. Минатиот месец се продадени 138.298 автомобили, што е пад од 4,4 отсто на годишно ниво, соопшти Комитетот на француските производители на автомобили (ЦЦФА).

Столхолм – Возилата „Сааб“ повторно ќе почнат да се произведуваат во Шведска, откако новите сопственици на компанијата се одлучија да го покренат производството со цел да го заживеат познатиот бренд. Новите сопственици решија повторно да почне производството на моделот 9-3 во фабриката во западна Шведска, а планирано е по бензинците, од лентите да почне да излегува и електрична верзија.

Берн – Швајцарија е на прво место на годинешната листа на најпривлечни земји за квалификувана работна сила „Глобал Талент Компететивнес Индекс“. На второ место на оваа листа се најде Сингапур, а потоа следат Данска, па Шведска.

Москва – Растот на производството на „Росњефт“ и странските проекти го зголемија во ноември вкупното производство на нафта во Русија на постосоветски рекорд од 10,61 милион барели дневно. Производството на нафта во Русија, која инаку е најголемо во светот, беше на врвот во 1988 година, кога земјата се уште беше дел од Советскиот Сојуз, покажуваат податоците на Меѓународната заедница за енергетика.

Вашингтон – Трговците во САД не се задоволни од резултатите на потрошувачката манија во текот на „црниот петок“. Резултатите покажуваат дека се потрошени дури 1,7 милијарди долари помалку од 2012 година. Претставниците на асоцијацијата на трговиците тврдат дека помалиот обем на продажбата во текот на изминатиот викенд, кога потрошувачите почнуваат масовно да одат во продавниците поради големите распродажби, е логична последица од финансиските проблеми на многу Американци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП