ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„WhatsApp“ воведува претплата?

„WhatsApp“ воведува претплата?

Со години имаше лажни пораки со кои се најавуваше дека „WhatsApp“ ќе стане платена услуга. Тоа, се разбира, никогаш не се случи, а основната услуга сè уште останува бесплатна.

Сепак, според информациите на профилот „WABetaInfo“ на „X“ (Twitter), „WhatsApp“ наводно се подготвува да воведе премиум претплата.

Што би понудил WhatsApp Plus?

Новата услуга наводно ќе се вика „WhatsApp Plus“ и ќе им понуди на корисниците голем број дополнителни опции за прилагодување. Меѓу нив се можноста за промена на темата на апликацијата, иконите и боите, со 14 нови икони и поголем избор на бои и елементи на интерфејсот. Корисниците на тој начин ќе имаат поголема контрола врз изгледот на апликацијата.

Премиум корисниците наводно ќе можат да закачат до 20 разговори, наместо сегашните три. Ќе им бидат достапни и ексклузивни мелодии за ѕвонење. Тие ќе бидат достапни само на „WhatsApp“ и треба да помогнат известувањата за повици полесно да се разликуваат од оние од други апликации.

Досега нема информации за тоа кога „WhatsApp Plus“ би можел да стане достапен за корисниците или која ќе биде цената на претплатата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП