3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Конечно намалување на невработеноста

Шпанија: Конечно намалување на невработеноста

shpanijashpashpa1

Бројот на луѓе без работа во Шпанија е намален минатиот месец за нешто под 2.500 лица, што е првиот ноемвриски пад на невработеноста од 1997 година.

Намалувањето на невработеноста е уште еден доказ дека шпанската економија се опоравува од двегодишната рецесија, која заврши на крајот на третиот квартал, пренесува агенцијата Франс прес.

Во Шпанија, сепак, сеуште околу 4,8 милиони лица, односно 26 проценти од вкупната работа сила, се без работа. Во 17-члената еврозоната, повисока стапка на невработеност бележи само Грција.

Ноември како и септември и октомври се месеци кога невработеноста традиционално расте поради гасењето на новите работни места отворени во текот на туристичката сезона.

Мадрид наведува дека за намалувањето на вкупната невработеност е заслужно зголемувањето на бројот на работни места во градежниот и индустрискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП