Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2026 година вкупниот промет изнесувал 897.793.476 денари и е намален во однос на претходниот месец за 10.03 отсто.
Класичното тргување изнесувало 393.212.084 денари и е зголемено во однос на јануари за 5,73 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 387.570.322 денари и обврзници во вредност од 5.641.762 денари.
Блок трансакциите за февруари изнесувале 504.581.392 денари и се намалени за 13,48 отсто во однос на претходниот месец.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 1.470 и е зголемен за 8,81 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.351.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за февруари 2026 година можете да го погледнете тука.



