На официјалниот сајт на американската тајна служба ЦИА е објавен документ во кој се наведува дека поранешниот македонски претседател Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година.
Според документот, Глигоров одбил приватна понуда од грчки претставници за помош од 100 милиони долари под услов името да се промени. Тој изјавил дека грчките барања се ирационални и дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој нагласил дека републиката има силни докази дека нема територијални амбиции кон Грција или кон која било друга држава.
“Глигоров се обиде да одржува комуникација со другите лидери на поранешна Југославија, но ги отфрли обидите на српскиот претседател Слободан Милошевиќ да го натера да формира асоцијација со југословенската држава доминирана од Срби. Тој не му верува на Милошевиќ и ги смета него и хрватскиот претседател Фрањо Туѓман за одговорни за југословенската криза”, се вели во документот.


Сепак, Глигоров бил привлечен од планот на „југословенскиот“ премиер Милан Паниќ за балканска економска унија за која Глигоров верува дека треба да ги опфати Грција и Турција. На состанокот со Паниќ кон крајот на октомври 1992 година, Глигоров се согласил дека „југословенските“ и македонските влади треба брзо да преземат мерки за меѓусебно признавање. Глигоров имал блиски односи со босанскиот претседател Алија. Љетбеговиќ и рече дека во минатото биле во чест контакт, стои во документот.
Претседателот изјавил дека сака да остане во политиката сè додека демократијата не заземе цврсто тло – цел која е загрозена од континуираните тензии меѓу големото етничко албанско малцинство и ултранационалистичката Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија на Македонското Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ).
Киро Глигоров, роден во Штип, 3 мај 1917, е првиот претседател на самостојна и суверена Република Македонија избран од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година.



