„Volkswagen“ направи голем пресврт со моделот „ID. Era 9X“ во споредба со претходните ентериери.
Додека во Европа најавува враќање на физичките копчиња преку идниот „ID.2“, кинескиот пазар добива сосема поинаква филозофија – кабина трансформирана во дигитален кокпит.

Шефот на „VW“ за Кина, Ралф Брандштетер, претходно изјави дека кинеските клиенти сакаат возила „прво AI“, напредна поврзаност, гласовна контрола и паметни кокпити. Токму тоа го носи „ID. Era 9X“.
Кабината како технолошки салон

Овој огромен теренец со три реда седишта и шест места за патници речиси и да нема класични контроли.
Централниот дел од контролната табла е составен од двоен екран од 15,6 инчи, додека дополнителен екран од 21,4 инчи за задните патници се спушта од таванот.
Вториот ред седишта има посебни „капетански“ седишта со контроли во вратите за мултимедијална содржина.

Класичната инструмент табла е заменета со хед-ап дисплеј, а ентериерот е збогатен со LED амбиентално осветлување со вкупна должина од 12,8 метри.
Подот е целосно рамен, бидејќи е електричен модел.
Првиот „VW“ со продолжувач на опсегот на бензин
„ID. Era 9X“ е првиот сериски „VW“ со технологија за продолжување на опсегот.
Во соработка со „SAIC“, „Volkswagen“, започна производството на 1,5-литарски турбо бензински мотор од семејството EA211 со 141 ks.

Моторот работи со идеален сооднос воздух-гориво од 14,7:1 за ефикасност и пониски емисии.
„Mazda“ има слична цел со новиот „Skyactiv-Z“ мотор кој пристигнува во „CX-5“, додека „Porsche“ исто така го оптимизира односот на смесата во „T-Hybrid“ системот.
Димензии и перформанси

„SUV“-от е долг 5.207 mm, со ширина од 1.997 mm и висина од 1.810 mm, додека меѓуоскиното растојание е 3.070 mm.
Достапен е со еден или два електрични мотори (заден или погон на сите тркала).
Купувачите можат да изберат батерија од 51,1 kWh или поголема 65,2 kWh (стандардна за верзијата со погон на сите тркала).

Поголемата батерија овозможува до 400 km автономија според кинескиот „CLTC“ циклус. Најтешката верзија со два мотора достигнува маса од дури 2.700 kg.
„ID. Era 9X“ воведува и нов дизајнерски правец прилагоден на кинеските вкусови, со бои како што се „Fairy Green“ и „Desert Gold“, додека самиот „Volkswagen“ нагласува дека ентериерот „комбинира германска естетика и источен шарм“.



