ПочетнаЕКОНОМИЈАМерц: ЕУ нема да прифати трговски договор со САД под нови неповолни...

Мерц: ЕУ нема да прифати трговски договор со САД под нови неповолни услови

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака трговскиот договор меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави да стапи во сила што е можно поскоро, но дека ЕУ не може да го прифати договорот под помалку поволни услови.

Во вторник, Мерц одржа билатерална средба со Трамп по втор пат, а на почетокот на разговорот во Белата куќа рече дека сака да разговара за нападите на САД и Израел врз Иран, како и за кризата во Украина, пренесува Ројтерс.

По средбата, Мерц им рече на новинарите дека „границата на она што сме подготвени да го прифатиме е достигната“ кога станува збор за, како што изјави, непропорционално оптоварување со царински давачки. Тој додаде дека сака траен договор и дека добил впечаток дека Трамп и неговиот тим го делат тој став. Американската администрација брзо работи на нов царински режим, откако претходната рамка беше поништена од Врховниот суд на САД минатиот месец.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, врши притисок договорот меѓу ЕУ и САД, постигнат минатиот јули, конечно да биде одобрен, но Европскиот парламент постојано го одложува конечното гласање за ратификација сè додека не добие јасни сигнали од Вашингтон за понатамошните намери.

Претседателите на трговскиот комитет на Европскиот парламент треба да одлучат во среда дали да го деблокираат процесот на ратификација. Земјите-членки на ЕУ генерално го поддржуваат задржувањето на договорот со САД, иако новата царинска рамка го надминува плафонот од 15 проценти за производи како сирење и пластика. Во краткото обраќање до новинарите во Белата куќа, Мерц нагласи дека сака трговскиот договор да се спроведе што е можно поскоро.

Во неделата, Европската комисија побара од САД да се придржуваат до условите од минатогодишниот трговски договор, откако Врховниот суд ги поништи глобалните тарифи на Трамп, а Трамп потоа воведе привремени, генерални тарифи од 10 проценти, кои ги зголеми на 15 проценти веќе следниот ден.

Комисијата соопшти дека Вашингтон мора да обезбеди „целосна јасност“ за следните чекори по судската одлука. Како што е наведено, моменталната ситуација не е погодна за постигнување на „фер, избалансирана и заемно корисна“ трансатлантска трговија и инвестиции, како што е предвидено во заедничката изјава на двете страни. „Договор си е договор“, објави ЕК.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП