ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите солидни но работници се помалку во фабриките и трговијата!

Платите солидни но работници се помалку во фабриките и трговијата!

Стопанството има потреба од 10 600 нови работници. Податокот кој го објави Државниот завод за статистика покажува дека во моментов има толку отворени работни места во приватниот сектор каде недостасува кадар. Од друга страна интересен е податокот кој вели дека речиси идентичен е бројот на невработени лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување. Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија и во трговијата на големо и мало.

Податоците на статистичарите покажуваат дека 2480 лица се потребни во македонските фабрики, односно во производствените капацитети низ државава.

Во трговијата недостасуваат нешто на 2200 работници кои би можеле да почната уште денес на работа. Од посериозниот недостаток ги издвојуваме и административните дејности каде што има потрба од над 1000 лица за работа. Податоците велат дека 850 лица се потребни кај сместувачките капацитети и сервисите за подготовка на храна, во градежништвото 700 работници исто толку и во образованието, 450 лица во телекомуникацискиот сектор. По 250 лица се потребни во стручни и научни дејности како и во јавна управа и социјално осигурување.

„Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.49 %. Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 %. Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.64 %.“, стои во извештајот на ДЗС.

Тоа што може да се забележи од извештајот е дека преработувачката индустрија која има најмногу потреба за кадар во моментов има и најмногу вработени лица од земјава односно над 102 илјади лица. Интерсно е тоа што и трговијата котира високо со над 76 илјади вработени лица.

Надлежните преку серија на мерки се обидуваат да ја подобрат вработеноста во државата а со тоа и продуктивноста на компаниите. Над 90 отсто од унгарскиот кредит веќе е поделен во приватниот сектор за испорачување на подобри резултати кои треба да донесат отворање на нови работни места и зголемување на платите.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП