3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го потврди моделот Q1

Audi го потврди моделот Q1

audi q111

Германскиот производител објави цртеж со кој го најавува својот нов, најмал кросовер „Q1“. Автомобилот ќе почне да се произведува во 2016-та година во Инглоштат, во Германија.

Од „Audi“ не соопштија повеќе детали за новиот модел, а судејќи според цртежот „Q1“ ќе има 5 врати и каросерија со многу остри линии.

Иако продукцискиот модел сигурно ќе се разликува од прикажаната дизајнерска студија, можеме да очекуваме дека „Q1“ ќе има истакната, масивна маска на ладилникот, карактеристични фарови и проширени делови на каросеријата која ќе ги покрива тркалата.

Според претходните неофицијални најави, малиот кросовер на „Audi“ би требало да биде долг околу 3,8 m. За погонот во опција меѓу останатите се и моторите 1.4 литарски TFSI и 1.4 TDI. Се шпекулира дека најмоќната верзија „SQ1“ би имала агрегат од 231 ks (170 kW).

Можна е и хибридна варијанта, која покрај електромоторот би имала и 1.2 литарски бензински мотор со 109 ks (80 kW).

Според зборовите на претседателот на компанијата, Руперт Штадлер, „Audi Q1“ е дел од стратегијата за проширување на „SUV“ возилата на германскиот производител и ќе претставува базен модел во семејството на кросоверите на „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП