3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ја купи Topsy - аналитичката компанија на Twitter

Apple ја купи Topsy – аналитичката компанија на Twitter

World AIDS Day

„Apple“ зa 200 милиони долари ја купи аналитичката „start-up“ компанија за следење на друштвените мрежи, „Topsy“.

„Topsy“ е еден од неколкуте сервиси кои имаат пристап до податоците на „Twitter“. На корисниците им нуди можност за анализа на „твитовите“ и мерење на опсегот на компанијата, „хаштаговите“ или пораките.

Во септември комапнијата отвори нова можност за пребарување на целата архива на оваа друштвена мрежа.

„Topsy“ е интересен избор за „Apple“, затоа што за разлика од претходните купувања на „start-up“ компаниите како „HopStop“ и „Locationary“, овде примената на производот не е најјасна.

Истото важи и за минатомесечното купување на „Apple“ на компанијата „PrimeSense“ која е одговорна за оргиналниот 3D сензор на првиот „Xbox Kinect“.

Кога станува збор за „Topsy“, можеби ќе биде корисна за „iTunes Radio“, производ кој е директно интегриран со „Twitter Music“.

Од „Apple“ не ја коментираа својата одлука, соопштувајќи дека „генерално не дискутираат за целта на одредени превземања на компании, како и за идните планови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП