4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо подготовка е Nissan Qashqai Nismo

Во подготовка е Nissan Qashqai Nismo

Nissan-Qashqai-Nismo

Спортската, „Nismo“ верзија на втората генерација на моделот „Qashqai“ би требало да биде претставена во првото тромесечије од 2014-та година, а ќе има мотор кој ќе развива преку 200 ks.

Како што изјави шефот на „Nissan“ за глобално производство, Енди Палмер, „Qashqai Nismo“ ќе биде помоќен од моделот „Juke Nismo“.

„За погон би можел да се употреби 1.6 литарски турбо-бензинец со 218 ks, кој се користи на моделот „Juke Nismo RS“, објаснува Палмер.

Сепак, за да биде вистински модел „Nismo“, на „Qashqai“ ќе му бидат потребни уште многу модификации.

„Не го менувам ставот дека „Nismo“ моделите мораат да бидат со многу повеќе снага во моторот“, вели Палмер.

„Сакам да се фокусираме на суспензијата и управувањето на автомобилот, се со цел овие автомобили, покрај тоа што ќе бидат брзи да бидат и значително забавни за возење“, додава тој.

Повеќе технички детали и цената на идниот модел засега не се познати. Се проценува дека во Велика Британија каде што ќе се произведува новиот „Qashqai“, цената на верзијата „Nismo“ на овој автомобил би била околу 30.000 фунти (близу 36.000 евра). Моментално, најскапиот „Nissan Qashqai“ на британскиот пазар чини 27.845 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП