22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот фаст-фуд штрајк досега?

Најголемиот фаст-фуд штрајк досега?

shtrajkbrzahrana1

Вработените во рестораните за брза храна во стотина американски градови стапија во најголемиот штрајк досега во обид да изнудат поголеми плати, соопштија организаторите.

Кампањата на вработените во американските ресторани за брза храна започна пред околу една година, кога тие го свртеа вниманието на јавноста кон своите проблеми околу нивните минимални плати од 7,25 долари за час.

Штрајкувачите бараат 15 долари за час, иако многумина ова барање го сметаат за невозможно.

Засега не е познато колку навистина беше голем одзивот во штрајкот и дали бројот на вработените кои протестираат ја попречил работата на рестораните.

Од најголемиот ланес ресторани за брза храна Мекдоналдс, изјавија дека нивните ресторани работат непречено, но дека и нивните вработени учествуваат во штрајкот. Фени Кај, раководител на еден од овие ресторани изјави дека вработените имаат нереални барања.

Сличен протест беше организиран летото, тој имаше мешовит резултат, бидејќи одделни ресторани не можеа да ги услужат клиентите, а другите работеа нормално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП