1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America плаќа 404 милиони долари

Bank of America плаќа 404 милиони долари

bankofamerica1

„Bank of America“ се согласи на име порамнување да исплати 404 милиони долари на хипотекарната компанија „Freddie Mac“.

Споменатата сума ќе биде исплатена на име порамнување поради жалбата околу продажбата на сомнителни хипотекарни кредити кои „Bank of America“ ги продавала пред кризата на пазарот на недвижнини.

Ова вонсудско порамнување се однесува на станбените хипотекарни кредити продадени на „Freddie Mac“ од 2000 до 2009 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Агенцијата „Freddie Mac“ тврди дека банката и продала „токсични“ кредити, односно крдити за кои е утврдено дека не можат да бидат исплатени.

„Bank of America“, како и низа други американски банки, ја намалила проценката за ризик за хипотекраните кредити и хартии од вредност кои пред светската финансиска криза ги продаваа „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“, што во голема мера придонесе за „пукањето“ на хипотекраниот балон во 2007 година, која ја предизвика светската финасиска криза и загубите од повеќе милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП