2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги критикува агенциите за рејтинг

ЕУ ги критикува агенциите за рејтинг

Belgium Nobel Peace

Европскиот регулатор за финансискиот пазар (ЕСМА) ги критикуваше агенциите за оценка на кредитниот рејтинг поради одредени недостатоци во оценувањето на кредитната способност на земјите.

„Со истрагата откривме дека се присутни бројни неправилности во процесот на одредување на кредитниот рејтинг на земјите, кои можат да претставуваат ризик за квалитеот, независноста и интегритетот на рејтингот на земјите“, се вели во соопштението на ЕСМА, пренесува агенцијата Франс прес.

Споменатата истрага беше фокусирана на конфликтот на интереси во процесот на одредување на рејтингот, заштитните мерки кои обезбедуваат оценките на рејтингот да останат тајни до објавувањето, како и адекватноста на лицата кои го одредуваат рејтингот.

Контролата на работата на американските агенции „Standard & Poor`s“, „Moody`s“ и „Fitch“ кои контролираат 90 проценти од рејтинг пазарот, предизвика загриженост околу независноста на тие агенции во процесот на одредување на рејтингот.

Според резултатите на оваа истрага, во одделни случаи високото раководство на рејтинг агенциите давалo инструкции со кои се одредувал рејтингот на земјите.

„Во најмалку еден случај, главните аналитичари добиле експлицитни упатства и мислење од повисоките раководители во врска со рејтингот на земјите“, наведува ЕСМА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП