4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини Mercedes GLA?

Колку ќе чини Mercedes GLA?

gla mecka

„Mercedes“ ги објави цените на новиот кросовер модел „GLA“ во Германија. Најевтината верзија „GLA 200“ ќе чини од 29.303 евра.

Станува збор за бензинска верзија со 156 ks. Помоќниот бензинец, „Mercedes GLA 250“ со 211 ks ќе има почетна цена од 35.283 евра, додека истиот модел, но со „4MATIC“, погон на сите четири тркала ќе чини од 37.496 евра.

Купувачите во Германија за основниот дизел модел, „GLA 200 CDI“, ќе мораат да дадат 32.130 евра. Оваа верзија има дизел мотор со 136 ks. „Mercedes GLA 200 CDI 4MATIC“ ќе чини 36.509 евра. Помоќниот дизелаш кој под хаубата има мотор со иста зафатнина, но со 170 ks, има цена од 37.038 евра, додека истиот таков модел, но во верзијата „4MATIC“ ќе чини од 39.252 евра.

„Mercedes“ ја објави цената и за ограничената, специјална серија – „GLA Edition 1“. Овој модел ќе биде достапен само во текот на првата година од продажбата на „Mercedes GLA “ во понудата за сите 4 верзии на мотори. Најевтината „GLA 200 Edition 1“ ќе чини од 34.603 евра.

„Mercedes GLA“ на купувачите во Германија ќе им биде на располагање во три различни стилски линии, „Style“, „Urban“ и „AMG Line“, како и пакетите „Night“ и „Exclusive“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП