3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOTP забележа добивка од 451,6 милиони евра

OTP забележа добивка од 451,6 милиони евра

otp

Најголемата унгарска банка „OTP“ во првите девет месеци од 2013 оствари 451,6 милиони евра нето добивка, која е за девет проценти поголема во однос на истиот период минатата година.

Портфолиото на хипотеките е во благ пад, консолидираното портфолио на мали и средни претпријатија е зголемено за еден процент, а обемот на депозитите на ниво на групацијата се зголемени за 5 проценти во споредба со претходната година.

„OTP“ групацијата и понатака останува во извонредна позиција на ликвидност со показател на адекватноста на капиталот од 20 проценти.

Во третиот квартал прилагодената нето добивка изнесувала 141,2 милиони евра, што е за 19 проценти помалку во споредба со истиот квартал во претходната година.

Падот делумно е поврзан со двојното зголемување на даноците за компаниите и зголемените трошоци за ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП