9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмените на Законот за проценка ќе го забават кредитирањето, реагираат банкарите

Измените на Законот за проценка ќе го забават кредитирањето, реагираат банкарите

jancevski

Зголемување на проценките на хипотеките за кредит и забавување на кредитирањето ќе биде резултат на најновите измени на Законот за проценка кој е во изработка во Министерството за правда, забележуваат банкарите и апелираат да не се прифатат вакви измени и да се остави решението од претходната измена од 2010 година.

Објаснуваат дека сега граѓаните за проценка плаќаат еднократно, а кога би се усвоило вакво законско решение ќе плаќаат секоја година.

За стан од 60 метри квдратни сега проценката е еднократна од 2000 до 2.500 денари, а со предвидените измени тој износ ќе достигне до 150.000 денари, појаснија на денешната прес-конференција од Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

– Банките нема да можат да ја вршат проценката со своите вработени, а крајната цена ќе ја платат потрошувачите, односно нашите клиенти. Просечните цени што ги имаат банките се далеку пониски, а услугата се врши многу побрзо, истакна претседателот на Здружението Ѓорѓи Јанчевски.

Реагираат зошто не се консултирани за измените како засегната страна и зошто се носат сега кога веќе еднаш во 2010 година на нивни забелешки иста ваква одреба е сменета. Посочуваат дека имаат свои проценители кои веќе се обучени според правилници кои ги барале измените донесени пред три години.

Целта е кога се прави закон тој да биде поефикаен од претходниот, истакнуваат од Здружението.

Допис со своите забелешки испратиле на 7-ми овој месец до Министерството за правда, Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија, но се уште немаат добиено одговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП