23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл не се чини како бадијала фрлени пари? (видео)

Бејл не се чини како бадијала фрлени пари? (видео)

Gareth Bale

Премногу или не, Реал вложи богатство во Бејл, а многумина со неверување вртат со главите, но кога ќе прочитате некои бројки, можеби и потегот и не е таква лудост како што се чинеше во првиот момент.

Шпанските медиуми го нарекуваат „циклон“ и тоа не без причина.

Не е во прашање само хет-трикот против Валјадолид, туку неговите бројки кои се импресивни.

Велшанецот одигра 632 минути во првенството и постигна 7 погодоци, практично по еден на секој натпревар, па така не се разликува од просекот на Роналдо во сите овие години. Да потсетиме дека „Принцот од Велс“ пристигна повреден и тоа во последните денови од преодниот рок. Тој практично во клубот е три месеци, а помалку од 80 дена тренира со екипата.

Обрнете внимание, покрај седумте гола, тој има и 6 асистенции, 80% прецизни додавања. А кога ќе се погледнат ударите кон голот, секои 20-тина минути Бејл упатува удар на голот во Примера. Секоја трета топка оди во рамките на голот, а бројот на погодоци покажува дека обично завршуваат зад грбот на голманите.

Тој добил 40% од дуелите, а покажа дека може да игра на повеќе позиции во тимот. Во Лигата на шампионите постигна два гола, но одигра нецели четири средби, а покрај тоа беше стрелец во Торино против Јувентус кога Реал го обезбеди првото место.

Споредете го со Модриќ, додека Хрватот имаше проблеми да се адаптира, Велшанецот веднаш влезе во екипата и стана незаменлив, иако не го знае јазикот.

Покрај тоа, како што откриваат медиумите, веднаш стана омилен меѓу соиграчите, пред се затоа што е природен, подготвен да се бори за тимот и во ниту еден момент себеси не се става на прво место.

Кога се ќе земе во предвид, можеби сумата која Перез ја одвои, со очекуваниот приход од маркетингот, затоа што Бејл е „златна кокошка“, неговото купување и не е така „лудо“, како што се сметаше во прв момент.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП