2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Уникредит“ ги спои банките во Чешка и Словачка

„Уникредит“ ги спои банките во Чешка и Словачка

unicredit-banca-324

Италијанската банкарска група „Уникредит“ најави дека од денес, 2-ри декември се спојуваат двете банки во Чешка и Словачка.

Веста за планираното спојување беше објавена уште во ноември 2012-та и е во врска со стратешкиот план за развој на „Уникредит“ во следните три години.

Банкарската група ќе нуди производи и услуги на клиентите од двете земји, работејќи под едно трговско име – „Уникредит Чешка и Словачка“. Во Словачка кон името на банката ќе биде додадена и „филијала на банка“.

„Формиравме нова, посилна банка, која ќе работи на двата пазари, нудејќи повисоки стандарди на услуга и во Чешка, и во Словачка. На овој начин ќе поставиме фокус врз ефикасноста не само рефлектирана во билансот на состојба, а туку и во управувањето на ликвидноста и трошоците“, вели Јури Кунерт, претседател на Управниот одбор и Извршниот директор на „Уникредит Чешка и Словачка“.

Преку спојувањето ќе бидат задржани најдобрите практики во двете земји, соопштуваат од групацијата.

Освен реорганизацијата во Чешка и Словачка, стратешкиот план на „Уникредит“ предвидува низа мерки за зајакнување на капиталот. Во останатите земји, „Уникредит“ планира значително да инвестира во наредните години, за дополнително да се зајакнат водечките позиции на овие пазари, се вели во пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП