3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпосакуваната земја за работа

Најпосакуваната земја за работа

shvajcarijashvashva1hj

Швајцарија се наоѓа на првото место на годишната листа на најатрактивни земји за квалификуваната работна сила „Global Talent Competitiveness Index“

На второто место на оваа лисата се најде Сингапур, потоа следи Данска, а зад неа Шведска, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Листата која беше објавена на крајот на ноември оценуваше 48 индикатори групирани во шест категории.

Швајцарија која се најде на првото место победи во пет од шест категории, и беше оценета со 74,83 поени.

Второпласираниот Сингапур доби 70,34 поени, Данска 68,93, а Шведска 68,86 поени.

Швајцарија беше оценета со највисока оценка во категоријата на иновации, потоа квалитетот на животот, политичката стабилност, можноста во поглед на искажување на професионалната способност како и даночниот систем.

Единствена категорија во која Швајцарија доби пониска оценка беше категоријата за атрактивност и тоа поради недоволното присуство на жените во политичкиот и економскиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП