Лондонската компанија „Deviehl“ пиењето кафе го претвора во луксузно искуство…
Андреас Бос и Џонатан Штраус, основачите на оваа компанија, ги фокусирале своите комплементарни вештини и искуства што ги добиле во производството на луксузни часовници, својата инженерска прецизност и иновација, за да дизајнираат совршени шољи за кафе.
Успеале да дизајнираат нешто што му недостасува на целиот свет. Дизајнирана да плени – со иновативен облик, со 25 одвоени компоненти, „Deviehl“ шољата за кафе е направена од неконвенционални материјали: водоотпорна кожа, јаглеродни влакна и егзотично дрво.
Дали ви се допаѓа???