По одлуката на Советот на Европската Унија за воведување на царини од тгри евра за малите пратки до 150 евра кои најчесто се нарачуваат од Кина е очекуван потег и Македонската Асоцијација за Е-трговија го поздравува. Денар побара став од инволвираните во овој бизнис и нивното мислење е дека со ваквото царинење само ќе се воведе можност за фер конкуренција. Над 90 отсто од малите пратки во Европа, а особено во земјите од ЕУ се од Кина.
Воведувањето на фиксна царинска давачка за малите пратки претставува логичен чекор во насока на воспоставување порамноправни услови на глобалниот пазар и одговор на структурните промени што ги носи експлозивниот раст на прекуграничната е-трговија, особено од азиските платформи. Ова е ставот на Ацоцијацијата за Е-тговија која ја доби Денар на најактуелната тема поврзана со онлајн купувањето.
„Оваа мерка испраќа јасна порака дека отвореноста на пазарите мора да оди рака под рака со фер конкуренција, заштита на потрошувачите и почитување на истите правила за сите учесници, без оглед на нивната географска локација.
Во исто време, важно е регулаторните интервенции да останат пропорционални и предвидливи, со цел да не се наруши иновативноста и динамиката на дигиталната економија, која во последната деценија беше клучен двигател на растот“, велат од Асоцијацијата за Е-трговија.
Инаку, од први јули Советот на Европската Унија одлучи да биде воведена фиксна царина од 3 евра за мали пратки со вредност под 150 евра што пристигнуваат директно до потрошувачите во ЕУ, најчесто преку е-трговија. Ваквиот потег ќе овозможи укинување на досегашното неплаќање царина за евтините пратки. А токму поради тоа години наназад континуирано се зголемувало нивото на евтини нарачки од платформи кои испорачуваат стоки од Кина.
Што се однесува оваа мерка за македонските граѓани, директната примена на овие нарачки ќе зависи од тоа каде пристигнува пратката. Односно ова е европско правило, и тоа ќе важи за пратки што влегуваат во ЕУ и одат до потрошувач таму. На пример ако се врши онлајн шопинг преку адреса во ЕУ тоа ќе биде во тој систем. Но, ако пратката оди директно во Македонија, таа е предмет на домашните царински правила.
И.П



