29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел ќе има 960 милијарди евра за идните седум години

Брисел ќе има 960 милијарди евра за идните седум години

vropska-komisija

Советот на Европската унија денеска ја усвои регулативата за утврдување на повеќегодишна финансиска рамка на Унијата (МФФ) за периодот 2014-2020 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Усвојувањето уследи откако Европскиот парламент на 19-ти ноември даде согласност за финансиската рамка, со што официјален Брисел ќе има на располагање 960 милијарди евра за трошење во следните седум години. Денешната одлука означува крај на две и пол годишните преговори во Унијата и овозможува новата генерација на програми за субвенционирање во ЕУ да почне од 1 јануари 2014 година.

Според утврдената рамка, МФФ и овозможува на Европската унија да потроши и до 959,99 милијарди евра во обврски и 908,40 милијарди евра во исплати во периодот од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2020 година. Ова е за 3.5 отсто, односно 3.7 проценти помалку од се уште актуелната Повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2007-2013 година, но идниот буџет обезбедува буџетска дисциплина ​​и е одраз на одреден буџетски притисок со оглед на тоа што земјите-членки во моментов се соочени со кратење на национално ниво.

Силен акцент во идниот сеудумгодишен буџет на ЕУ е ставен на трошоците со цел зголемување на економскиот раст и создавање нови работни места, во согласност со политичките приоритети на Унијата. Освен обезбедување буџетска дисциплина за Европската унија, овој буџет е и преведување политички приоритети во бројки, оти целта на МФФ беше исто така да се олесни усвојувањето на годишниот буџет на ЕУ.

Со оглед на тоа што годинава се доведоа во „пет до 12“ да го усвојат идниот буџет, Советот на ЕУ и Европарламентот се договорија идната Повеќегодишна финансиска рамка за периододт 2021-2028 година да почнат да ја разгледуваат уште од почетокот на 2018 година, со цел да се испита усогласувањето со политичките циклуси на институциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП