28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар скок на невработеноста во Австрија

Остар скок на невработеноста во Австрија

avstrija1111

Стапката на невработеност во Австрија нагло се зголеми во ноември, втор месец по ред, зголемувајќи се за 0,7 проценти на годишно ниво на осум проценти од вкупната работна сила, покажаа денес официјалните податоци во Виена.

Невработеноста во октомври исто така порасна за 0,7 проценти на 7,4 проценти во однос на септември, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на лица без работа во Австрија се зголеми на 10,8 проценти минатиот месец на годишно ниво од 382,000 лица, бидејќи извозниците се во проблеми поради слабите услови во странство, а градежниот сектор влегува во традиционалниот слаб зимски период.

Министерот за труд Рудолф Хундшторфер наведува дека еден од факторите за раст на невработеноста е тоа што жените, старите лица и емигрантите од земјите од Источна Европа ја зголемија вкупната работна сила во Австрија за 50.000 лица.

Според податоците на Европскиот завод за статистика, кој користи поинакви методи за пресметување, Австрија во октомври имаше најниска стапка на невработеност во 28-члената ЕУ од 4,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП