2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатен безжичен интернет во општина Центар

Бесплатен безжичен интернет во општина Центар

internet-marketing-strategy-traffic

Општина Центар во соработка со безжичниот интернет провајдер „Sun Wireless“ од 1 декември им овозможија на сите граѓани и посетители на општината бесплатен безжичен интернет.

„Жешките точки“ (хот спот) се наоѓаат на улицата „Македонија“, на потегот од хотелот „Бристол“ до плоштадот „Македонија“, од скверот „Пела“ до поранешниот ресторан за брза храна „МекДоналдс“, скверот „Јадран“, кејот „13 Ноември“, односно делот кој се наоѓа кај ГТЦ, потегот од црквата „Св. Спас“ на Кале до плоштадот „Карпошово Востание“.

Наскоро, како што информира општина Центар, треба да се постави и целосна покриеност на спортската сала „Градски Парк“ и неколку „жешки точки“ во Дебар Маало.

– Воведувањето на бесплатниот безжичен интернет е чекор напред кон целосна модернизација и ја потврдува отвореноста на општината кон новите технологии, информира општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП