4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Волво“ инвестира во самоуправувачки автомобили

„Волво“ инвестира во самоуправувачки автомобили

volvo-sartre

Шведскиот автомобилски гигант „Волво“ ќе инвестира 500 милиони круни (околу 56 милиони евра) во производство на самоуправувачки автомобили, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Проектот на „Волво“ ќе биде финансисран со средства од државниот фонд за истражувачки дејности, а во 2017 година 100 самоуправувачки автомобили ќе бидат тестирани во сообраќајот од обични возачи.

Шведскиот завод за сообраќај, кој учествува во реализацијата на проктот, изарзува уверување дека новата техника ќе придонесе за постигнување на т.н. нулта-визија, односно ниедно лице да не биде жртва во сообраќајот.

– Ако се погледне малку подолгорочно, ова би можело да биде решение за проблемот на сигурноста во транспортниот систем, вели Клас Тингвал, директор во шведскиот Завод за сообраќај за Шведското радио.

Денеска во Стокхолм на прес-конференција на „Волво“ проектот ќе го презентираат шведската министерка за инфраструктура Катарина Елмсетер Сверд и генералниот директор на „Волво карс“, Хокан Самуелсон.

Самоуправувачки автомобили се возила кои благодарејќи на камери, ГПС навигација и разни сензори ја препознаваат околината околу автомобилот.

Затоа можат сосема сами да управуваат во сообраќајот, така што лицето зад воланот може да се занимава со сосема други нешта, на пример да чита книга.

Можноста ваквите робот-автомобили речиси целосно да ги елиминираат сообраќајните несреќи произлегува од фактот дека компјутерите се подобри од луѓето кога станува збор за управување со автомобили и не преземаат непотребни ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП