ПочетнаАВТОБИЗПрвата електрична „Toyota“ со три реда седишта (ФОТО/ВИДЕО)

Првата електрична „Toyota“ со три реда седишта (ФОТО/ВИДЕО)

„Toyotа“ претстави сосема нова генерација на моделот „Highlander“, кој ќе премине исклучиво на електрична енергија во 2027-ма година и ќе стане првиот електричен SUV на брендот со три реда седишта.

Новиот модел носи освежен дизајн, модернизиран ентериер и напредни технологии.

„Highlander EV“ ќе биде достапен во „XLE“ и „Limited“ верзии. Основниот „XLE“ со погон на предните тркала користи батерија од 77 kWh и еден електричен мотор со 221 ks и 268 Nm, со проценет опсег до околу 462 км.

Верзијата со погон на сите тркала развива 338 ks и 445 Nm, но опсегот се намалува на околу 435 км.

Помоќните верзии со поголема батерија од 95,8 kWh, достапни во „XLE AWD“ и „Limited“ варијанти, нудат домет до приближно 515 km, додека моќноста останува на 338 ks и 445 Nm.

Сите модели добиваат NACS порт за полнење, како и V2L функција што овозможува напојување на надворешни уреди или користење на возилото како резервен извор на енергија.

Внатрешноста носи 14-инчен централен екран со функции „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ со безжична поврзаност, 12,3-инчна дигитална инструмент табла, можност за полнење уреди во сите три реда седишта и панорамски стаклен покрив.

Третиот ред седишта може целосно да се склопи, обезбедувајќи дури 1.274 литри простор за багаж зад вториот ред.

Безбедноста е обезбедена од најновиот пакет „Toyota Safety Sense 4.0“, кој вклучува автоматско сопирање со детекција на пешаци, адаптивен темпомат, помош за одржување на лента, препознавање на сообраќајни знаци и други системи за помош на возачот.

Производството започнува кон крајот на 2026-та година во Кентаки (САД), а се очекува почетна цена од околу 48.000 долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП