12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаква содржина треба да има вашата веб-страна?

Каква содржина треба да има вашата веб-страна?

www1

Најпрвин да се заклучиме: на секој бизнис му е потребна веб-страна!

Веќе одамна помина времето на продавници од цигли и малтер. Во светот на дигиталната технологија немањето веб-страна е рамно на катастрофа. Не само што мора да имате веб-страна, туку таа мора да биде и професионална. Никогаш нема да имате втора шанса за оставање на прв впечаток.

Тргнувајќи го веб-дизајнот на страна, бидејќи потполно се согласуваме со тоа дека една компаниска веб-страна треба да ја има сета индивидуалност, креативност, и функционалност, и нормално, природата на бизнисот си налага сопствани критериуми за естетика и привлечност, фокусот насочете го кон содржината на страната. Содржината на страната ќе биде пресудна за тоа дали вашите посетители ќе ги претворите во клиенти. Еве како:

1. Бидете наративни – користете фрази како „ние“, „нашиот тим“ „нам“ наместо „нашата компанија“. Ова звучи помалку формално и студено, а воедно остава впечаток на водење обичен и пријатен разговор.

2. Фокусирајте се на користа на клиентите – „Ние ве чуваме вас и вашето семејство од разните крадци и натрапници“ е сто пати подобро од „безжичен IPWRST мрежен детектор со 23 motion-sensor функции“. Не опишувајте, објаснете ги придобивките.

3. Користете секојдневен јазик – наместо „Ние произведуваме одличен прилагодлнив софтвер за вертикалните индустрии преку изработка на финансисики извештаи“ пробајте со фраза како “Наша помош за вашите финансии“. Кажете го тоа што имате да го кажете во 10 секунди.

4. Кратко и јасно – Не се трудете премногу да бидете опширни. Три – четири параграфи е сосема доволно да се опише она што го работите. Се останато е разводнување на работите.

5. Обратете му се на читачот директно – „Се грижиме за вас“ или „Ги сваќаме вашите потреби сериозно“ можеби ќе звучи како клише, но тоа е тоа што клиентите ќе сакаат да го запомнат и што ќе го бараат од вас.

6. Имајте мулти-контакт форма – лесна и видливо-достапна контакт форма на неколку начини: телефон, е-пошта, мобилен, факс, адреса, Фејсбук… Клиентите не треба да се мачат. Овозможете им лесен и брз пристап до вас.

Не е воопшто важно дали имете 3 или 3.000 вработени. Вашата веб-адреса кажува како го разбирате бизнисот. Ако страната е важна за вас, ќе биде и за вашите клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП