6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХакиран Twitter, загрозени 250.000 профили

Хакиран Twitter, загрозени 250.000 профили

tw

Оваа недела анонимни хакери го нападнаа „Twitter“ и дојдоа до податоци од околу 250.000 профили на корисниците, соопштија од компанијата во петокот вечерта.

Од „Twitter“ изјавија дека како мерка на претпазливост ги блокирале лозинките на корисниците, за кои се верува дека се во опасност и дека е во тек идентификување на оние кои се загрозени, како и утврдување на евентуално нанесената штета.

Овој напад на „Twitter“ е проследен со серија слични случувања, кои се случиле во предходните неколку дена кога „New York Times“ и „Wall Street Јournal“, пријавија дека кинески хакери упаднале во новинарските профили на овие информативни куќи и дека имале пристап до заштитените податоци.

„Twitter“ засега не даде никави детали за тоа колкава штета е предизвикана и кои информации биле мета на хакерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП