4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобил кој ќе го изгубите од вид за само 2,5 секунди (фото)

Автомобил кој ќе го изгубите од вид за само 2,5 секунди (фото)

lucra

Американскиот автопроизводител „Lucra“ го претстави целосно новиот модел „L148 2014“.

lucra1

Техничките карактеристики, како и секогаш, се на ниво слично на се останато. Се очекува „Lucra L148“ да дебитира следната пролет, а дотогаш треба да се задоволиме само со штури информации обезбедени од страна на производителот.

lucra2

Сепак вестите се импресивни: Кабината е изработена целосно од јаглеродни влакна, а шасијата – од челик со адитиви од хром и молибден. Возилото ќе биде опремено со седумстепен менувач од „Mercedes“ и 4.7 -литарски V8 мотор, чија моќност, според некои извори е 500 КС, а според други околу 700 КС.

lucra3

Моделот е во состојба да забрзува до 100 км на час за само 2,5 секунди.

lucra4

Покрај тоа, „L148“ ќе биде опремен со клима уред, „GPS“ – навигација и сателитско радио. Според некои извори, цената на моделот е околу 250.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП