2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов бренд „Дебарско сирење“

Нов бренд „Дебарско сирење“

greekfetatexture

Здружението на сточарите од Дебарскиот регион „Даши“  донесе одлука брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името „Дебарско сирење“.

Ваквата одлука е донесена по повеќето предлози, главно дадени од сточарите од Жупа, кои предлагаа, меѓу другото брендот да го носи името „ Коџаџенг“ (голема битка), што беше отфрлено од повеќето сточари.

– Нашето здружение веднаш по одлуката достави барање до надлежните државни институции кои се занимаваат со брендирање на домашните производи, овој млечен производ да го носи името Дебарско сирење.

Сега очекуваме одговор, вели претседателот на здружението, Скендер Аме.

Според него, договорено е веднаш по добивањето позитивен одговор од надлежните за добивање на трговска марка, сирењето од дебарските сточари да се продава во соодветни канти со свое лого и име.

Дебарското сирење е едно од најквалитетните произведени на традиционален начин во Европа и на неодамнешниот Саем на млечни производи одржан во Италија доби високи оценки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП