Стапката на инфлација во Белгија во ноември трети месец по ред е под еден процент, соопшти Министерството за економија од Брисел.
Во ноември инфлацијата во Белгија достигна 0,81 проценти, додека во октомври е зголемена за 0,63 проценти, што е најмалиот раст од јануари 2010 година, пренесува агенцијата АП.
Инфлацијата во септември во Белгија изнесуваше 0,89 проценти.
Ниската стапка на инфлација се објаснува со малото поскапување на храната и поевтинувањето на цената на енергијата. Во ноември храната поскапела за 2,19 проценти, додека во јуни беше забележан раст од дури 5,17 проценти.
Цената на енергијата во ноември е намалена за пет проценти. Во ноември беше забележано поскапување на свежиот зеленчук, патувањата во странство и книгите, додека бензинот, свежото овошје и одморот на село значително поевтинија.