21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Tiffany & Co. зголемен за 50 проценти

Профитот на Tiffany & Co. зголемен за 50 проценти

tiffanyco1

Компанијата „Tiffany & Co.“ во третиот квартал од 2013 година забележа за 50 проценти поголем профит во однос на истиот период минатата година благодарение на растот на продажбата во азиско-пацифичкиот регион.

По објавувањето на добрите квартални резултати, „Tiffany & Co.“ ја зголеми прогнозата за заработката за цела година, а акциите на овој производител на луксузна роба се зголемија за шест проценти.

„Tiffany & Co.“ за три месеци заклучно со октомври оствари профит од 94,6 милиони долари или 73 центи по акција во споредба со 63,2 милиони долари или 49 центи за акција во истиот квартал минатата година.

Приходот на „Tiffany & Co.“ истовремено се зголеми за седум проценти, на 911,5 милиони долари.

Продажбата на „Tiffany & Co.“ во азиско-пацифичкиот регион е зголемена за 27 проценти во споменатиот период.

Компанијата соопшти дека приходите на продавниците кои работат најмалку една година, што е клучен индикатор за работењето на трговците на мало, е зголемен за седум проценти во однос на растот од 4,5 проценти кои го очекуваа аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП