Повторно податоците за движето на индустриските параметри си играат топло-ладно. Производството во индустријата конечно успеа да биде во плус, но во негатива и натаму се бројките на работници на годишно ниво. Па така, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустрискотот производство дека во декември лани во однос на декември 2024 година пораснало за 2,3 отсто. Но, бројот на работници во анализираниот период има намалување на работната сила за 2,8 отсто.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи опаѓање од 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.9 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
„Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.9 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % Индустриското производство во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, е зголемено за 1.9 %“, стои во извештајот на ДЗС.
Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %. Дополнително, бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %.
„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.
Производството во индустријата властите очекуваат драстично да се зголеми во периодот што следи поради вбризгувањето на 250 милиони евра пари од унгарскиот кредит кој го поделија на компаниите. Но, кредиот кој беше претставен како евтина можноста за зголемување на продуктивноста беше искористан и за други цели кои отстапуваа од производствената дејност. Тука се отвори дилемата дали на крај резултатите ќе бидат видливи од оваа мерка.
И.П



